6 ПОТРЕБНИ АКСЕСОАРИ ЗА СЕКОЈ МАЖ

Доколку треба да изберете 6 аксесоари кои ќе ги носите засекогаш, кои би биле тие? Доколку се двоумите , ние можеме да Ви помогнеме при изборот.

Часовник. Ова е еден од најпотребните и најефектните аксесоари за мажите. Секако дека добро би било да имате повеќе часовници кои би одговарале на различни комбинации, елегантни или спортски, но доволно е да имате и само еден кој ќе одговара на сите овие комбинации.

2-2

Очила за сонце. Очилата за сонце секако треба да одговараат на обликот и големината на Вашата глава. Трудете се секогаш да имате квалитетни очила, бидејќи не само што на тој на чин ќе имате совршен аксесоар, туку и ќе внимавате на здравјето на Вашите очи, а со тоа и ќе ги заштитите.

Паричник. Никогаш немојте да ги чувате парите, документите, картиците расфрлани во џебовите или торбата. Покажете ја својата организираност со добар кожен паричник.

3-3

Кожена торба. Секогаш внимавајте торбата да биде кожена и со висок квалитет, бидејќи таа не само што го подобрува целокупниот изглед, туку има и одлична функционалност.

Вратоврска и шамивче за сако. Овие два совршени аксесоари можете да ги комбинирате во различни бои и дезени или пак, да имаат еден ист изглед. Секако, ќе Ви овозможат да изгледате елегантно и мажествено. Поради тоа што овие два аксесоари се задолжителни за свечени настани, пожелно е да ги имате во повеќе бои и дезени.

4-4

Стилски чорапи. Не секој ужива да носи стилски чорапи, но можете да пробате да ги носите барем еднаш. На пазарот можат да се најдат машки чорапи со најразлични дезени, принтови и бои. Ваквите чорапи можете да ги носите и за формални и за неформални настани. Ваквите чорапи се мал, но доволно впечатлив детал.

 

Е.С.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.

Photos/pinterest.com