НОВОГОДИШНО ПЕПЕРМИНТ „SMOOTHIE“

Не секогаш можеме и мораме новогодишните празници да ги поминеме со алкохолен пијалок. Ви нудиме здрава опција во која може да уживате:

1-1

Потребни состојки:

1 шолја бадемово млеко

1 замрзната банана

½ шолја ливчиња свежо нане

¼ супена лажица екстракт од ванила

1 супена лажица јаворов сируп

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во  чаша и декорирајте со ливчиња нане.

На здравје!

 

Е.С.

photos/ waytobehappy.org, cleoferinmercury.co.uk,

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.