МАЛ ВОДИЧ ПРИ ИЗБОР НА ТУРПИЈА ЗА НОКТИ

Турпијата е незаменлив прибор за кратење и обликување на ноктите, кој што апсолутно секоја жена ја поседува.

Поради преголемата понуда на турпии за нокти на пазарот и поради големата неодлучност која е вистинската, Ви нудиме водич за нејзин избор.

Метална турпија. Овој тип на турпија најверојатно е и најстар и најпознат тип. Поради тоа што се изработени од метал имаат долг век на траење. Токму поради материјалот од кој се изработени многу лесно се чистат и дезинфицираат.

2-2

Стаклена турпија. Овој тип на турпии многу тешко се наоѓаат на пазарот и најчесто може да се сретнат во салоните за убавина. Одлично е тоа што многу лесно се чистат и стерилизираат, но маана е тоа што можат многу лесно да се скршат. Поради тоа, навистина треба да внимавате на неа.

3-3

Турпија со хартиена шмиргла. Овој тип на турпии се почесто почнува да се употребува во салоните за убавина и во домовите. Најчесто можете да ги најдете во вид на двострана турпија со различна гранулација на шмирглата од двете страни. Доста се евтини, но маана е тоа што не можат да се дезинфицираат поради тоа што основата е картонска.

4-4

Блок турпија за бафирање. Оваа турпија обично има 4 различни страни со различен степен на гранулација. Ова овозможува одлично третирање на ноктите на различен начин, од кратење преку полирање и давање сјај на ноктите. Маана на овие турпии е тоа што многу брзо се троши шмирглата, изработени се од картон, а поради тоа што имаат 4 страни доста се гломазни и непрактични.

 

Е.С.

photos/ mizibo.com, tmart.com, absolutehealth.com, jmtcosmetics.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.