СНЕЖНО НОВОГОДИШНО „SMOOTHIE“

Ова smoothie  е одлично за дента после прославата на Новата година, бидејќи со него можете да извршите целосна детоксикација на организмот. Со кокосот со кого е прекриено, изгледа доста празнично и снежно.

2

Потребни состојки:

½ шолја црвени рибизли

½ шолја малини

1 банана

1 шолја бадемово млеко

½ шолја кокосови снегулки

Начин на подготовка:

Сите состојки, освен кокосовите снегулки, ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и нанесете од кокосовите снегулки. Декорирајте со рибизли.

На здравје!

photo/yours.co.uk

Е.С.

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

* Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeнa истата.