Нега и убавина: Производи за повеќе употреби

Навлажнувач на воздухот: Освен што го влажни воздухот, исто така, ја влажни и хидрира вашата кожа. Овој уред е одличен за одржување на еластичноста на вашата кожа, особено во зимските месеци, кога воздухот е сув и е ветровито. Затоа, оставете го уредот да работи додека спиете. Ќе се разбудите со прекрасна, хидрирана кожа.

Бебешка пудра: Пред да ставите маскара, ставете малку бебешка пудра врз коренот на трепките, за да добиете погусти и визуелно подолги трепки. Бебешката пудра ги упива сите маснотии. Затоа, кога косата ви е измрсена, а немате време да ја измиете, ставете малку бебешка пудра врз коренот на косата, нежно измасирајте и исчешлајте ја косата. Така косата ќе изгледа помалку мрсна и со повеќе волумен.

Свилена навлака за перница: Свилата прави чуда за вашата кожа и коса. Тоа е така поради природноста на материјалот, таа е хипоалергентна, апсорбира влага, се приспособува на секоја температура.

Кокосово масло: Полно со есенцијални витамини и минерали, кокосовото масло има врвно хидратантно својство кое е погодно за кожата и косата. Користете го како ноќна маска за коса, лице и/или тело. Доколку го помешате со малку шеќер, можете да си направите и пилинг.

Прочистувач на вода: Нефилтрираната вода содржи многу хлор кој ѝ штети на кожата, косата и организамот. Токму поради тоа, почнете да користите прочистувач на вода за бањање и за пиење.

бања

 

Е.С.

насловна: lorensworld.com