ВКУСНИ БОЖИЌНИ ВЕНЧИЊА

Овие превкусни Божиќни венчиња ќе ја збогатат и разубават Вашата трпеза, а најмалите неизмерно ќе им се радуваат. Овој десерт е лесен за подготовка и што е најважно не е потребно да се пече.

2-2

 

Потребни состојки:

20 големи парчиња маршмелоус

3 шолји корнфлејкс

2 супени лажици путер

Зелена прехранбена боја

2 супени лажици црвени M&M`s бонбончиња

3-3

Начин на подготовка:

Во порцелански длабок сад ставете го путерот заедно со маршмелоус и садот ставете го во микро печка. Оставете го путерот да се стопи, околу 1 минута. Добро промешајте и додадете ја прехранбената зелена боја.

Во садот додадете го корнфлејксот (доколку се големи парчињата, можете да ги раздробите) и добро промешајте.

На хартија за печење, поделете ја смесата на осум еднакви делови.

Премачкајте ги рацете со путер за да не се лепи смесата за дланките и оформете ги деловите во форма на плескавички. Во средината направете дупка и додека сеуште се топли, ставете од бонбончињата, за да можат да се залепат.

Сервирајте ги во новогодишна чинија.

На здравје!

Е.С.

Photos/ tablespoon.com, foodnetwork.com, tasteofhome.com