Книга на неделата: Солзите на ангелите

 Солзите на ангелите

Автор: Јон Калман Стефансон

„Солзите на ангелите“ е моќна приказна што потсетува на вечната борба на човекот против безмилосното величество – природата! Приказната го следи „момчето“ што, откако доживеало страшна траума на море, оди во едно мало исландско село што наскоро ќе му стане дом. Тој има желба да му ја врати книгата поезија на стариот морски капетан – книга поради која умира и неговиот пријател Бардур.

Додека селаните се собираат во крчмата за да пијат жесток алкохол, момчето им чита извадоци од „Хамлет“. Еден ден таму влетува поштарот Јенс, полумртов и смрзнат до коска.

На следното патување кон фјордовите, тој го поведува и момчето со себе бидејќи има потреба од некој што не се плаши од морето. Двајцата ќе се најдат во ситуација да го ризикуваат животот еден за друг, и тоа поради една невообичаена пратка! Снегот е „солзите на ангелите“ и тој паѓа ли паѓа и се обидува да ги препокрие и хероите на оваа волшебна книга.

Стефансон ја добива италијанската награда „Ботари Латес Гринѕане“ токму за ова дело, кое е втор дел од епската исландска трилогија „Помеѓу рајот и пеколот“, но може да се чита и како засебна книга.

1-1

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1

*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.