Хигиенски навики кои не треба да се скокнат

Многу пати сте прочитале дека миењето раце по одењето во тоалет е задолжително, дека треба да посетувате стоматолог 2 пати во годината или пак, да го измиете овошјето или зеленчукот пред јадење. Еве едно мало потсетување зошто е сето ова важно.

Дали треба да ги измиете рацете по одење во тоалет? Дефинитивно да. Направено е истражување кое покажало дека 10% од луѓето воопшто не ги мијат рацете, 33% не користат сапун и остатокот не ги мијат рацете доволно долго и темелно. Тоалетот е извор на бактерии, а за да ги отстраните од рацете потребно е барем 20 секунди да ги миете рацете.

Дали треба да посетувате стоматолог 2 пати во годината? Да. Контролите на 6 месеци се неопходни, бидејќи некои проблеми на забите не можете сами да ги откриете. Луѓето дијабетичари и пушачи би требало уште почесто да одат на контрола, најмалку на 4 месеци.

После тренинг веднаш под туш. Да или не? На многумина, по тренингот, првата мисла им е да се истушираат. Но тоа е најлошата работа која што може да ја направите. Додека сеуште сте загреани, притисокот е зголемен и најдобро е да почекате неколку минути за да се истуширате. За тоа време направете вежби за истегнување кои се неопходни за да го избегнете воспалението на мускулите, да ја намалите веројатноста од повреди и појавата на грчеви.

миење овошје

Дали треба да го измиете овошјето или зеленчукот пред да го изедете? Да. Правилното миење на овошјето и зеленчукот го намалува ризикот од болести или конзумирањето непосакувани остатоци од пестициди кои можат да се задржат на кората.

Дали треба да го измиете лицето пред спиење­? Тоа е одлична идеа, особено ако секој ден користите шминка. Оваа навика Ви помага порите да ги оджите чисти, а со тоа и ноќната крема ќе има поголем ефект.

миење лице

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје, претходно консултирајте се со стручно лице.

насловна: dettol.com.sg

слика2/3: truthnhealth.com/ holisticvanity.ca