Различни примени на ракијата

Го продолжува животниот век – умерената количина на консумирање на ракија може да го продолжи животниот век и тоа, баш поради тоа што антиоксидансите помагаат во борба против радикалите кои се главниот причинител на староста.

Не дебелее – ракијата е алкохол со најмалку калории. Го намалува холестеролот во крвта и не ја подига килажата, за разлика од густите и газираните сокови.

Ве ослободува од стресот – со консумирање на умерена количина, ракијата делува на нервниот систем со тоа што ве опушта.

Го намалува ризикот од мозочен или срцев удар – ракијата го спречува наталожувањето на холестеролот во кардио-васкуларниот систем. Така го намалува ризикот од мозочен или срцев удар.

За чистење рани и стомачни тегоби – алкохот во ракијата има одлично дезинфекционо дејство.

Помага во превенција од настинка – ракијата може да послужи и како сируп против кашлица. Исто така, алкохолот помага во убивањето на бактериите во грлото. Најдобар резултат може да постигнете доколку ја помешата со лимон и топла вода.

Ја намалува високата температура на телото – потребно е да се ставаат облоги со ракија на градите и на вратот.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна: twitter.com-serbiatourism