Како да спречите размачкување на маскарата?

Сигурно често се наоѓате во ситуација кога додека ја нанесувате маската на трепките, помалку ставате и на очните капаци, а со тоа ја уништувате и целата шминка на окото. Затоа, Ви предлагаме 5 супер совети како да го одбегнете тоа:

Одберете квалитетна маскара – не значи дека треба да биде скапа за да биде квалитетна. Исто така, одберете маскара која што сигурно не создава грутки и проверете го рокот на траење.

Отстранете го вишокот маскара од четкичката – ако не го сторите тоа, голема е веројатноста, вишокот маскара да заврши на трепките, кои воопшто нема да изгледаат убаво, а подоцна ќе се размачка и на очните капаци.

Гледајте право – многу е важно да гледате право додека ја нанесувате маскарата. Започнете со нанесување на средните трепки, а потоа со цик-цак движење нанесете ја насекаде. Ставете неколку слоја маскара.

маскара долни трепки

Долни трепки – за да не Ви заврши маскарата на образите или под очите, навалете се малку напред.

Користете postit хартии – доколку и понатаму не можете да успеете да ја нанесете маскарата без да се размачкате, околу очите залепете самолепливи post-it хартии. Така, маскарата наместо на заврши на Вашата кожа, ќе заврши на нив.

 

Е.С.

Насловна/слика2: vanityrich.com/ladiesliveandlearn.com