Зошто е убаво и корисно да се вежба пилатес?

Знаеме дека секоја физичка активност е корисна за здравјето и да се изгледа фит, но зошто пилатесот е толку посебен?

  • Не само што го обликувате своето тело и трошите калории, туку и ви помага да го надминете стресот и да опуштите. Познато им е на тие кои вистински го уживаат вежбајќи го.
  • После тренингот ви дава чувство на релаксираност и ви го подобрува расположението.
  • Не ве заморува и истоштува, напротив-ви дава енергија.
  • Го подобрува сонот.
  • Дококу го комбинирате со здрава исхрана и многу вода, ќе добиете фит тело и тело со убаво обликувани мускули.
  • Се активираат сите мускули на телото преку најразлични вежби и со помош на различни реквизити (топка-мала/голема, ластик, тегчиња и сл), и можете да топите доста калории.
  • Пилатес вежбите ве прават поеластични, му даваат убава форма и издолженост на телото.
  • Го регулира и крвниот притисок.
  • Вежбањето пилатес помага при координирање на умот и телото.
  • Го забрзува метаболизмот и ви создава повеќе кондиција.
  • Ја олеснува болката во грбот и рбетот. На тој начин, ве прави поотпорни на повреди.

ГАЛА-совет: За да имате резултати вежбајте редовно.

Ц.Б.

*Во врска со примена на препораките во тектстовите поврзани со со здравје, претходно консултирајте се со стручно лице.