Нутриционистите: Подобро од вода пред оброк

Една чаша вода пред јадење е одлична за задоволување на гладта, а така ќе изедете и помалку храна. Но, нутриционистите имаат подобро решение.

оброк

Тие советуваат дека треба да се внесат малку белковини 1 час пред јадење. Тоа ќе Ви помогне во текот на јадењето да изедете помала количина храна и да не се прејадете. Белковините ќе Ви помогнат да останете сити подолго време, а тоа ги зголемува шансите да ги намалите вишокот килограми.

Кога желудникот Ви е празен, не можете разумно да пазите што јадете и во колкава количина. Затоа, 1 час пред оброкот, испијте 1 чаша млеко со ниска масленост или јогурт, изедете едно варено јајце или една шака бадеми.

бадеми

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстотовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/ nutritionsecrets.com

сл2/ rawveganrecipeexchange.wordpress.com

сл3/ articles.bedworks.com.au