Природни решенија против перутење на косата

Перутот е еден од најчестите непријатели на убавата коса и многу луѓе се имаат соочено со овој проблем. Се појавува повремено доколку кожата на главата е премногу сува или премногу масна или пак, во зависност од годишното време. Поради тоа, ви нудиме 5 природни решенија со 5 намирници кои ги имате токму во вашата кујна. Притоа, важно е да ги користите континуирано минимум еден месец за да бидете задоволни од резултатот.

коса

Сода бикарбона – На дланката измешајте малку сода бикарбона со шампонот кој го користите. Измијте ја косата. Сода бикарбоната помага во отстранување на остатоците од различните препарати за стилизирање на косата кои би можеле да бидат причина за појавата на перутот.

Јаболков оцет – Можете да го напрскате на косата како спреј и да оставите да делува 15мин. Ја враќа pH вредноста и сјајот на косата.

Кокосово или маслиново масло – пред да ја измиете косата, втријте кокосово масло на кожата на главата и оставете да отстои 1 час. Кокосовото масло е поедноставно за употреба за разлика од маслиновото и полесно се исплакнува, но го имаат истиот ефект.

Лимонов сок – на кожата на главата нанесете неколку лажици лимонов сок и масирајте, а потоа исплакнете. Исто како и јаболковиот оцет, и лимоновиот сок со својата киселост помага при обновување на pH вредноста на кожата.

Алое вера – доколку кожата на главата се почесто ве чеша, алоето може да помогне. 2 до 3 часа пред миење на косата, нанесете сок од алое вера и оставете го да отстои 1 час на главата. Помага при ослободување од перутот и го зајакнува коренот на косата.

 

Е.С.

 

насловна/b92.net

сл2/ezyshine.com