Домашните миленици придонесуваат за здравјето

Луѓето и животните имаат исклучителна приврзаност, која тешко може да се најде помеѓу луѓето.

Едноставните работи кои ги правиме за нив, како хранење, шетање, носење на ветеринар… е мала цена што ја плаќаме за сите добри работи кои ги прават домашните миленичиња за нас.

Помагаат да ја одржиме добрата форма. Доколку често ги шетаме, ќе излеземе на свеж воздух и сонце. Преку примање на витаминот Д од сонцето, ни се подобрува изгледот на кожата. Тие се одлично друштво и за џогинг доколку сакате да вежбате. Така ја намалувате можноста од срцеви заболувања, дијабетис и остеопороза.

Нè смируваат. Домашните миленичиња го намалуваат стресот и високиот крвен притисок. Причината за тоа е дека од нив не очекуваме никакви критики, ниту пак ќе бидеме осудувани за некоја постапка.

Ја подобруваат нашата одговорност. Дури и оние најмалку одговорните личности, попрво би отишле дома да го нахранат миленичето, отколку да отидат на некое друго место.

Ги спречуваат кивавицата и алергиите.  Доколку имате мало дете, дозволувајте му пристап до миленичето. Така, ќе стекне поголема отпорност од алергии и кивање.

Способни се да детектираат болести. Можат да осетат ниско ниво на шеќер кај дијабетичарите. До сега, кучињата успеале да детектираат рак на бели дробови, на простата и на гради.

 

Е.С.  

 

насл/phillymag.com