Колку е здрава Вашата коса за фарбање?

Без разлика дали редовно посетувате фризер или сте „сам свој мајстор“ за фарбање на косата, ова ќе ви помогне да ја откриете состојбата на Вашата коса.

Секако дека бојата која е на каталогот не мора да излезе баш онаква каква што е.

Доколку се фарбате сами, мора да имате здрава коса, за и после третманот таа да изгледа убаво.

Со прстите одвојте еден прамен и израмнете го. Ставете неколку капки вода на косата и видете колку време е потребно водата да се упие во косата. Ако се упие за помалку од 10 секунди, тоа значи дека кутикулите се премногу оштетени, па затоа, во овој случај, не Ви препорачуваме да се фарбате. Доколку се потребни повеќе од 10 секунди да се упие водата, тоа е сигурен знак дека косата Ви е во добра форма.

На оштетените кутикули влијаат чешлањето на мокра коса, претераното третирање со преса за коса, фен или фигаро, поради што се губи влагата.

За повторно да ѝ го вратите стариот сјај и здравиот изглед на косата, веднаш по миењето намалете го изложувањето на топол воздух и избегнувајте да ја фенирате, виткате или исправувате, бидејќи тогаш е полна со вода и лесно кршлива.

слика 2

 

Е.С.

насл/lorealparisusa.com