Значењето на боите во домот

Дали сте знаеле дека секоја боја има свое значење и дека многу влијае врз расположението? Пред да започнете со уредувањето на домот, Ви предлагаме да го прочитате овој текст, кој може да Ви помогне при одлучувањето на бојата.

Бои кои нудат чувство на удобност – тоа се потемните нијанси на зелена, потемна виолетова боја на месо, темножолти нијанси и нијансите на земјени тонови.

Бои кои нудат освежувачко чувство – тоа се нијансите на светло зелената, жолтата и портокаловата боја. Одлични се за во бањата и дневната соба.

Бои кои нудат смирувачко чувство – тоа се златната боја и пастелно-сините и пастелно-виолетовите нијанси.

Бои кои нудат ослободувачко чувство – тука спаѓаат жолтата, розевата, бојата на праската и светлата тиркизна боја.

Бои кои нудат чувство на енергија – сите нијанси на интензивна сина, жолта и црвена боја.

Бои кои нудат сензуално чувство – тоа се нијансите на згаснато црвена боја, смеѓите нијанси и чоколадните нијанси.

Бои кои нудат неутрално и стабилизирачко чувство – тука спаѓаат светло сивата боја, светлите земјени тонови и нијанси на беж и пеперминт.

Наспроти боите кои даваат пријатни чувства, стојат боите кои даваат непријатни чувства. Наместо да ги обоите целите ѕидови со нив, можете да истакнете некои детали.

Бои кои даваат исцрпувачко чувство – тука спаѓаат интензивната розева и циклама боја и темно портокаловата.

Бои кои даваат чувство на нерасположение – тоа се потемните нијанси на земјени тонови, темнозелената, сивата и модрата боја.

Бои кои даваат клаустрофобично чувство – тука спаѓаат темно црвената, темно сивата и црната боја.

бои во домот 1

 

бои во домот 2

 

бои во домот 3

 

бои во домот 4

 

Е.С.