Дали го знаевте ова за гелните нокти?

Гелните нокти, без сомнение, изгледаат прекрасно. Со нив сигурни сте дека барем две недели вашите нокти ќе изгледаат совршени и без никакви оштетувања. Но, оваа нова техника на разубавување на ноктите има и маани. Самиот гел и УВ зрачењето може да ги оштетат ноктите.

Како влијае УВ зрачењето врз ноктите?

Начинот на кој функционира гелот за нокти е дека бојата се суши под УВ светло. Ова е процес кој се повторува неколку пати во текот на маникирањето, за на крај гелот да биде тврд и долготраен.

Препорачливо е да нанесете крема со заштитен фактор на рацете пред да ги изложите на УВ зрачење. Но, за жал, и ова во целост не може да помогне во заштитата, бидејќи кај овој вид на маникир, прстите треба да бидат чисти поради гелот.

слика 2

Како изгледаат ноктите по вадењето на гелот?

Вадењето на гелот може да претставува вистински проблем. Најпрво ноктите се потопуваат во ацетон 10 мин. и се замотуваат во фолија. Состојбата на ноктите потоа е непријатна. Ноктите се слаби, тенки, лесно кршливи, нерамни и изгребани.

*Иако изборот на користење на гел за нокти е лично Ваш, доколку сакате да го користите, тоа подобро да биде за специјални пригоди. Притоа, не заборавајте да користите крема за раце богата со витамин Е.

 

Е.С.

 

насл/hairfree.lt

сл2/ebay.co.uk