Избелување на лактите на природен начин

Сувата и потемнета кожа на лактите која не е пријатна за гледање настанува од сув воздух, ниски температури, бањање со жешка вода, триење или потпирање на главата на лактите. Ткивото околу лактите нема природни маснотии, па затоа од голема важност е да им се обрне поголемо внимание.

слика 2

При секое бањање тријте ги лактите со мека крпа или сунѓер, бидејќи на нив се таложат нечистотии. Најефикасно средство за отстранување на нечистотијата  и на мртвите клетки е мешавина од сол или шеќер со маслиново масло. Намачкајте ги лактите со оваа смеса и оставете ги да стојат 10 минути, а потоа измијте ги со млака вода.

Лимонот ќе ви помогне да ја осветлите кожата со тоа што ќе нанесете сок од лимон на лактите и ќе оставите да стои 40 минути. Потоа измијте ги со вода.

Можете да направите паста од куркума во прав, млеко и мед и да ја нанесете на лактите.

Исто така, можете да користите и хидроген пероксид за осветлување на кожата. Нанесете го на памук и тријте ги лактите 15 минути.

Совет: правилната исхрана е многу важна кога станува збор за грижата за кожата. Ви препорачуваме исхрана која е богата со витамин А и Е.

 

Е.С.

насл/viewsofia.com