Влијание на високите потпетици врз нозете

Оние кои носат високи потпетици знаат дека тие се еднакви на инјекција со инстантна самодоверба.

Но, секој пат кога одиме на високи потпетици, особено на оние кои се повисоки од 7 см., нашите нозе и стапала трпат болки во мускулите и грчеви во листовите. Дали значи дека ако со болката во листовите сме им направиле нивен добар тренинг? И дали со тек на времето листовите ќе станат поголеми?

слика 2

Направена е студија врз жени кои долги години, секојдневно носат високи потпетици и врз жени кои воопшто не носат потпетици.

Врз основа на магнетската резонанца, се дошло до заклучок дека листовите и кај едните и кај другите не се разликуваат, освен тоа што жените кои носат високи потпетици имаат значително пократки мускулни влакна на листовите и подебели и помалку флексибилни тетиви. Ова е резултат на тоа што, одењето на високи потпетици не дозволува правилно растегнување на мускулите, а настануваат и сериозни повреди.

Значи, носењето високи потпетици визуелно не ги зголемува листовите, но предизвикува помалку флексибилни тетиви.

слика 3

 

Е.С.

 

насл/simplemost.com

сл2/fashionforroyals.com

сл3/medicaldaily.com