Продолжете го животот – доживејте 100 години

Секој од нас посакува да остане млад што е можно подолго и да има здрав и среќен живот. Тоа навистина е возможно доколку ги консумирате овие продукти:

Бел лук. Можеби Вашиот здив нема да биде баш пријатен после оброк во кој е вклучен и белиот лук, но тој е многу здрав. Тој содржи билни соединенија кои се борат против појавата на карцином. Можете да го користите како додаток во супа и чорба или како сос.

Маслиново масло. Маслиновото масло се грижи за Вашето срце и мозок. Го намалува ризикот од појава на инфаркт. Користете го за готвење на храната и како додаток во салата.

Домат. Богат е со витамин Ц, па поради тоа добар е за зајакнување на имунитетот. Одличен е за во салата, сендвичи, како сос и сл.

домат

Чаша црвено вино. Го регулира нивото на холестеролот, се бори против карциномот и против знаците на стареење. Се препорачува 1 чаша црвено вино во текот на денот.

Коцка чоколадо. Наместо млечна, изедете 1 коцка црно чоколадо. Какаото го има повеќе во црното чоколадо, па на тој начин че го намалите ризикот од срцеви заболувања.

коцка чоколадо

 

Е.С.

 

*Во врска со примена на препораките во текстовите за здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насл/ mixandmatchmama.blogspot.mk