Што е пријателство и дали верувате во него?

„Вистинските пријатели се многу ретки, тоа за мене се луѓето кои ме засмејуваат до солзи, и секогаш се до мене во добро и во лошо. Се радуваат на моите успеси и не се ситат со мојата несреќа. Во последно време сфаќам дека имам само еден таков незаменлив и несомнено вистински пријател, а тоа е сестра ми“.

ГАЛА-девојка, 28

„Ако денешницава е малку растресена во поглед на вистинските вренодсти, сепак верувам во добри луѓе и нивно искрено пријателство. Редок бисер во морето се тие луѓе, и доколку се појават во Вашиот живот, задржете ги и ценете ги! Вистинското пријателство се познава по искреноста, вистинската безусловна грижа еден за друг, помагање и делење на среќа и тага, повторно-безусловно“.

ГАЛА-девојка, 25

„Искрено пријателство е она во кое секогаш постои разбирање. Тогаш кога без зборови, со само еден поглед, вашиот пријател знае што вие потребно, и Вие нему. Верувам во такво нешто бидејќи го живеам со години. Тоа е вистинско богатство“.

ГАЛА-девојка, 26

„Имам само еден вистински пријател, на кој можам да му се искажам кога ми е тешко, или да ја поделам среќата кога сум радосна. Знам дека ќе се радува со мене, или ќе сподели совет даден од срце. Нема да ми прави лице и ќе биде искрен со мене, бидејќи искреноста многу ја ценам. Таа личност е тука за мене кога ми е најпотребна, а исто и јас на неа, бидејќи во пријателството не треба да се зема, туку и да се дава“.

ГАЛА-девојка, 29

„Искрено пријателство? Не знам што да ви одговорам на ова прашање, во глобала е ептен ретко, се поретко. Поради тоа, и јас се поретко верувам во него. Имам вистински пријатели многу малку, можеби 1 или двајца, но никогаш премногу не се отворам, таква личност сум. Никој до сега не се покажал како доволно доверлив за да му кажам се што ми лежи на душа и срце. Но со овие пријатели имаме одличен однос, тука сме еден за друг, искрени сме и си мислиме добро, а тоа е најважно“.

ГАЛА-девојка, 28

„Ако на вистински пријател мислите: пријател на кој можете да му кажете се а тоа да не го искористи против вас или да не го издаде па дури и случајно или несакајќи, ако може да дојде за вас кога ви е премногу тешко и имате потреба од него, ако се радува на вашите успеси (ова е важно, бидејќи скоро секој може да сочуствува со вас, но важно е дали искрено се радува а не ви љубомори)…Е ако постои вакво нешто во некого, да го доживувам (не еднаш), и после неколку години нема ништо да се промени, ќе верувам да. Толку имам да кажам“…

ГАЛА-девојка, 24