За убава насмевка – каква боја на кармин?

При купувањето на карминот, задолжително обрнете внимание на неговата боја, бидејќи тој дополнително ги истакнува белите заби и негуваните усни. Но, и обратно, дополнително може да ги направи забите визуелно пожолти или усните суви. Секако, на крај, Ваш е изборот на кармин што сакате да го користите.

слика 2

Темен кармин. Доколку сакате Вашите заби визуелно да изгледаат побели, тогаш Ве советуваме да користите кармин со модар тон, како на пример, боја на зрела слива.

Црвена нијанса. Доколку имате светол тен, препорачливо е да користите кармин со боја на вишна. Доколку имате потемен тен, користете кармин во боја на црвено вино.

Розева нијанса. Доколку сакате да ги истакнете белите заби, користете светло розева нијанса на кармин.

НЕ за мат текстура. Иако е тренди, мат текстурата на карминот ги прават забите пожолти, а усните суви. Ви препорачуваме да користите кармин со сјаен ефект или пак, сјај за усни.

НЕ за бисерен сјај. Карминот со интензивен бисерен сјај, исто така, дава визуелно пожолтени заби.

слика 3

 

Е.С.

насл/shopstyle.com