Квалитетна нега за лице од Галафарм

ВАШАТА КОЖА ЗАСЛУЖУВА КВАЛИТЕТНА НЕГА!

Sensilis® колекцијата за нега на зрела кожа е нова колекција на Галафарм, збогатена е со револуционерните компоненти Ресвератрол (екстракт од црвено вино) и биоактивен тетрапетид-21 (природно присутен во протеините на кожата). Ресвератрол е моќна активна компонета добиена со екстракција од црвено вино, произведено на плантажите во Франција. Ресвератролот ја штити кожата од штетното УВ зрачење, помага при воедначување на тенот, ја намалува појавата на брчки, ја затегнува кожата и ги измазнува ситните линии околу очите, устата и на челото.

Биоактивниот тетрапептид -21 е активната компонента од протеините кој што се природно присутни во кожата на човекот, тој го поттикнува обновувањето на најзначаните компоненти на кожата и поседува моќен потенцијал за заштита на кожата од стареење.

групна слика

Според добиените резултати од научните истражувања, Ресвератрол:
-Ја намалува појавата на брчки: до 61%
-Ги измазнува ситните брчки и линии околу устата: до 55 %
-Ги измазнува ситните брчки и линии околу очите: до 51 %
-Го изедначува тенот на кожата: до 61 %

Според добиените резултати од научните истражувања Тетрапептид-21:
Ја подобрува еластичноста на кожата: до 41 %
После 4 недели употреба видливо ја подобрува структурата на кожата и ја намалува видливоста на брчки и старечки дамки.

 *Иновативно и модерно пакување за практична и лесна употреба, врвен квалитет и беспрекорен изглед. Специјална технологија на безводушна заштита со вакум пумпица.

sensilis face 1

SENSILIS® FACE CARE дневна крема SPF 15 со UVA и UVB заштита

Sensilis® Face Care дневната крема длабински ја хидратира кожата и помага во подобрување на нејзината еластичност, ги измазнува постоечките и ја намалува појавата на нови брчки и линии.

– Ја намалува појавата на брчки и линии на кожата.
-Збогатена со Ресвератрол (екстракт од црвено вино), Тетрапептид и Витамин Е.
-Наменета за сите типови на кожа.

Пакување 50 ml

SENSILIS® FACE CARE ноќна хранлива крема

Sensilis®  Face Care ноќната хранлива крема интензивно ја негува кожата на лицето во текот на ноќта, ги измазнува постоечките и ја намалува појавата на нови брчки и линии.                       

-За еластична и затегната кожа.
-Збогатена со Тетрапептид, Ресвератрол (екстракт од црвено вино) и Провитамин Б5.
-За освежена и нежна кожа наутро.
-Наменета за сите типови на кожа.

Пакување 50 ml

дневна и ноќна крема

SENSILIS® FACE CARE 2 in 1 тоник за чистење на лице

Sensilis® Face Care тоникот за чистење на лицето нежно ја чисти и ревитализира кожата, го одржува нејзиниот природен баланс и го враќа нејзиниот природен сјај. Помага во спречување на предвремено стареење на кожата.

-Ги отстранува нечистотиите и шминката во еден чекор.
-Ja тонира и хидратира кожата давајќи чувство на свежина.
-Збогатен со Ресвератрол (екстракт од црвено вино), Тетрапептид и Пантенол.
-Наменет за сите типови на кожа.

Пакување: 200 ml

SENSILIS® FACE CARE ДЕРМОГАЛ лосион за масна и проблематична кожа

Sensilis® Face Care Дермогал лосионот нежно ги отстранува нечистотиите, ги стега порите и ја подобрува текстурата на кожата. Салицилната киселина прави благ пилинг на кожата и ги чисти затворените пори.

-Прави благ пилинг и ги чисти порите.
-Ги отстранува нечистотиите и ја oсвежува кожата.

Пакување: 200 ml

SENSILIS® FACE CARE ДЕРМОГАЛ млеко за акни со преципитиран сулфур 5%

Sensilis® Face Care Дермогал млекото ја редуцира појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes, прави пилинг на кожата, ги чисти затворените пори и го отстранува вишокот на маснотии од кожа.

-Ја намалува појавата на акни.
-Го отстранува вишокот на маснотии од кожата, ги чисти порите.

Пакување: 200 ml

SENSILIS®FACE CARE КЛИНДАЦИН лосион за акни

Sensilis® Face Care Клиндацин лосионот ја намалува појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата.

-Ја намалува појавата на акни.
-Го отстранува вишокот на маснотии.
-Ги чисти порите.

Пакување: 200 ml

SENSILIS® FACE CARE КЛИНДАЦИН гел за акни

Ја намалува појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата.

-Ја намалува појавата на акни.
-Го отстранува вишокот на маснотии.
-Ги чисти порите.
-Збогатен со екстракт од камилица.

Пакување: 25 ml

SENSILIS® FACE CARE ХЛОРАКОЛ лосион за акни

Sensilis® Face Care Хлоракол ја редуцира појавата на акни со тоа што го инхибира растот на причинителот Propionibacterium acnes и го отстранува вишокот на маснотии од кожата. Салицилната киселина прави пилинг на кожата и ги чисти затворените пори.

-Ја намалува појавата на акни.
-Го отстранува вишокот на маснотии.
-Прави пилинг и ги чисти порите.

Пакување: 200 ml

SENSILIS® FACE CARE крема за нега на кожата околу очите

Sensilis® Face Care кремата за нега на кожата околу очите ја намалува појавата на темни кругови и брчки околу очите. Видливо ја затегнува кожата давајќи и свеж и блескав изглед.

-Ги намалува темните кругови околу очите.
-За мазна кожа со младешки изглед.
-Збогатена со витамини, екстракт од црвено вино и тетрапептид.
-Наменета за сите типови на кожа.

Пакување 25 ml

SENSILIS® FACE CARE крема за осветлување на темни дамнки на кожата

Sensilis® Face Care кремата за осветлување на темните дамки на кожата со Ресвератрол (Екстракт од црвено вино) и УВ заштита ја намалува појавата на пеги, темни дамки и дамки предизвикани од стареење. Кожата изгледа посветла, а тенот воедначен. УВ заштитата ефикасно помага при спречување на понатамошно оштетување и пигментација предизвикани од сонцето.

-Ја осветлува кожата.
-Ја намалува појавата на темни дамки и хиперпигментација.
-За блескав изглед.
-За хидратирана и еластична кожа.
-Содржи SPF 15.
-Наменета е за сите типови кожа.

Пакување: 25 ml

sensilis face

Произведува: Галафарм, Скопје