Подгответе си вкусен LATTE MATCHA чај

Зелениот чај е резервоар полн со антиоксиданси. Го спречува предвременото стареење на клетките, ја обновува кожата и ја штити од појава на мозолки, ја подобрува концентрацијата и е одличен во борба против карциномот.

Matcha зелениот чај набавете го од специјализирана продавница. Доколку користите зелен чај во филтер кесичка, нема да го постигнете посакуваниот резултат.

состојка

Потребни состојки:

  • ½ кафено лажиче Matcha зелен чај
  • 12 мл полномасно млеко
  • 1 кафено лажиче шеќер

Начин на подготовка:

Млекото ставете го во сад и загревајте го додека не стане пенливо (можете да ја користите и рачката за пареа од апаратот за кафе). Додадете го чајот и шеќерот и убаво промешајте. Сипете го чајот во шолја.

Доколку сакате ладен latte Matcha зелен чај, ќе Ви биде потребно и 10 мл ладна вода и неколку коцки дробен мраз.

Во стаклена чаша ставете го чајот и шеќерот и измешајте ги со 10 мл ладна вода. Наполнете ја чашата со дробен мраз. Во друг сад ставете 5 мл ладно млеко и мешајте со миксер додека не добиете густа пенлива смеса, а потоа исипете во скалената чаша.

На здравје!

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насл/ integrativenutrition.com

сл2/ well-beingsecrets.com