Како влијае солариумот врз Вашата коса?

Изложувањето на косата на УВ зраците во солариумот е исто како и изложувањето на косата на сонце. Косата станува посветла, што значи дека ја губи пигментацијата. Во влакната доаѓа до прекинување на протеинските врски, па така, косата станува сува и нееластична.

слика 2

Затоа, не дозволувајте да дојде до оштетување на косата. За да ја заштитите, пред влегување во солариумот, доволно е да ја завиткате во пешкир или ставете капа за туширање. По солариумот, подарете ѝ соодветна нега со маска за коса за да ѝ ја вратите свежината.

Доколку сте од оние кои одат на солариум пред да одат на плажа, односно, ако веќе знаете дека косата подолго време ќе Ви биде изложена на УВ зраци, Ве советуваме да внимавате на неа уште од самиот почеток на изложувањето.

солариум-3

 

Е.С.

насл/ healthcareaboveall.com