Неколку корисни beauty-совети

Kако да ја искористите шминката до крај?

Исечете ја тубата. Шминката која е спакована во туба, како што е пудрата на пример, понекогаш е тешко да се потроши до крај. Па, кога ќе осетите дека Вашиот производ е при крај, земете ножици и пресечете ја тубата попречно. Сигурни сме дека ќе се изненадите уште колку од производот има внатре. Остатокот, за да не се исуши или испари, можете да го префрлите во нешто друго.

Исперете ги четките за шминкање. Нечистите четки за шминкање содржат бактерии и додатно ја контаминираат Вашата шминка. Не само што ова не е хигиенски, но на овој начин трошите и повеќе шминка отколку што е потребно. Во маркетите можете да најдете безброј производи за чистење на шминката, но тоа можете да го направите и со обичен бебешки шампон.

Користете прајмер. Пред да почнете со шминкање, на лицето нанесете прајмер. Тој помага Вашата шминка да трае подолго време, а така, нема да имате потреба од корекција, односно од додатно шминкање.

Сјајот за усни ставете го во топла вода. Сјајот за усни често се лепи за ѕидовите на шишенцето во кое се наоѓа и тешко може да се земе со апликаторот. Ставете го шишенцето во топла вода за содржината да стане потечна. Така полесно ќе ја нанесете на апликаторот.

Исушена маскара. Постапката повторете ја исто како со сјајот за усни.

Карминот нанесувајте го со четкичка. Со помош на четкичката карминот ќе го нанесете попрецизно, но и ќе ставите онолку колку што е потребно. Со четкичката можете да го соберете карминот кој останува на крајот од пакувањето.

кармин

 

Е.С.   

насл/ sigmabeauty.com

сл2/ dunkleauthentic.com