Дали салатата може да биде замена за ручек?

Не. Секоја салата која содржи само зеленчук е нискокалорична. Баш поради тоа, таа често се препорачува да ја консумирате додека сте на диета. 95% од зелената салата содржи само вода, па според тоа има ниска калорична вредност. Зелката, спанаќот, брокулата имаат повисока калорична вредност кое е потребно за оптимално функционирање на организмот, бидејќи содржат помало количество вода.

Според тоа, се доаѓа до заклучок дека салатата не е сè она што Ви е потребно за ручек. Најдобро е да ја јадете во комбинација храна со повисока калорична вредност.

слика 2

Од друга страна пак, сите салати не се нискокалорични. Оние салати кои содржат јаткасти плодови, како бадеми, лешници, ореви, ф‘стаци, не се диетални, а тука спаѓаат и оние во кои има прелив од мајонез или парчиња сувомеснати и млечни производи. Не треба да претерувате ни со маслинките во салатата. Најдобро е во салатата да ставите максимум 3 маслинки. Овие салати со сигурност се вкусни, но изобилуваат со калории и потешко се варат.

Препорака: Консумирајте салати кои ќе содржат парчиња јаболки, круши и слични овошја кои ќе го збогатат вкусот, а ќе содржат помалку калории. Наместо прелив со мајонез, користете дресинг на база на јогурт, зачини, сенф… салатата зачинете ја со малку маслиново масло, лимонов сок и морска сол.

слика 3

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насл/menu9.com

сл2/orderenvy.wordpress.com

сл3/recipes-simply-delicious.com