Најчести грешки кај надворешниот изглед-1дел

Сигурни сме дека ниедна дама не сака да изгледа постара во споредба со годините што навистина ги има. Погрешниот избор на облека и обувки, неправилната нега на кожата и косата, можат да направат една жена да изгледа постара дури за 10 години.

Ова се 6 најчести грешки кои ги правите при изборот:

Носење стара облека – сигурно во Вашиот плакар имате облека која сте ја купиле одамна, а сеуште ја носите. Доколку сте во можност, оваа облека најубаво е да ја донирате, да ја продадете во second-hand продавниците или спакувајте ја некаде како спомен.

Предолга коса – долгата коса е резервирана за младите девојки. Лицето со текот на годините ја губи еластичноста, а долгата коса повеќе го нагласува тоа. Косата до рамена или пократка ќе Ви го направи лицето да изгледа помладо.

слика 2

Претерано сончање – потемнетиот тен краткорочно го разубавува и го подмладува изгледот. Но, сончањето предизвикува осиромашување на келиите на кожата, со што се губи еластичноста, а исто така, се губи и пигментот поради што се јавуваат трајни темни дамки кои визуелно Ве прават постари. Секогаш штитете ја кожата од сонце со крема со заштитен фактор.

слика 3

Претесна или преширока облека – сè што облекувате на себе треба да знаете да го носите со стил. Затоа, од пресудно значење е облеката да биде удобна, никаде да не Ве стега, ниту пак, да виси.

Избегнување ремен – широката и удобна облека најчесто не ја отцртува Вашата фигура. Се препорачува носење ремен на половината со што визуелно се создава струк и Ве прави повитки. Најдобро е ременот да не е во иста боја како што е туниката или фустанот и секако да не ви биде претесен бидејќи доколку е навистина тесен, може да Ви направи проблеми со здравјето.

Нескладност на горната со долната облека – најважно е да направите баланс. Ако маицата е тесна, тогаш панталоните или сукњата треба да бидат пошироки и обратно.

 

Е.С.

насловна/goodtoknow.co.uk

сл2/nytimes.com

сл3/independent.ie