Нега на кожата на пазувите

Ретко која жена нема темна боја на кожата на пазувите, но со овие совети кои Ви ги нудиме, можете да го решите овој проблем и ова лето ќе можете безгрижно да носите маици без ракави.

Сојузници од природата. Постојат повеќе избелувачи на природна база кои ќе Ви помогнат при отстранување на темната боја на кожата. Измешајте сок од лимон и куркума, јогурт или мед. Смесата нанесете ја на пазувите и оставете 10 минути. Потоа, исплакнете.

Депилација. Главен виновник за темната боја на кожата на пазувите се малите влакненца кои се наоѓаат под првиот слој на кожата. Овој проблем можете да го решите со професионална депилација.

депилација

Пилинг. Направете пилинг за пазуви кој ќе содржи млечна киселина. Тој ќе ги отстрани мртвите келии кои се една од причините за темната боја на кожата. Нанесувајте го пилингот 3 до 4 пати во неделата. За кратко време ќе се врати природната боја.

Дезодоранс. Користете дезодоранс кој е погоден за осетлива кожа. Обичните дезодоранси само повеќе ја иритираат кожата.

Посетете дерматолог. Доколку ги бричите влакненцата под пазувите, настанува иритација, а со тоа и производство на повеќе меланин. Дерматологот може да Ви препорача крема која успешно ќе го реши овој проблем. Исто така, користете друг метод на отстранување на влакненцата.

 

Е.С.

насл/ allingchits.com

сл2/ waxing.org