Спречете го стареењето со еден зеленчук

Цвеклото се смета за еден од најкорисните и најлековитите зеленчуци. Пребогато е со витамини, минерали, белковини, масти и јаглени хидрати.

Од минерали содржи: фосфор, калциум, калиум, манган, флуор, бром, јод, бакар, магнезиум, натриум, литиум итн. Од витамини: Б1, Б2, Б12 и Ц.

слика 2

Влијае на зајакнување на имунитетот, па затоа се препорачува да се консумира во случај на грип, воспаление на белите дробови, бронхитис. Благотворно делува врз нервите и работата на мозокот. Го спречува губењето на минерлите од забната коска, ја подобрува крвната слика и се подобрува крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ја чисти јетрата и крвните садови и го забавува стареењето.

Доколку посебно внимавате на линијата, консумирајте го во поголеми количини, бидејќи има ниска калориска вредност и големо детоксификационо својство.

Не ги фрлајте листовите од цвеклото. Нив можете да ги приготвите исто како и спанаќот.

Коренот на цвеклото е најлековит. Користете го додека е свеж, како салата. Но, исто така можете да го зготвите, да го исцедите и да направите сок или пак, да направите зимница.

слика 3

Совет: Користете го цвеклото во неограничени количини, без страв од било какви негативни последици.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/finedininglovers.com

сл2/fitlife.tv

сл3/thewannabechef.net