Четири работи на кои не би требало да штедите

Не би требало да штедите на:

Добра перница и душек. Удобноста во спиењето е секогаш на прво место, за да се разбудите вистински наспани. Кој би сакал превртување во кревет, туткање на перницата за подобро да се намести или болки во вратот? Секако дека никој.

Барем еден чифт чевли или патики за кои би кажале: ,,Тоа навистина вреди’’. Moжеби во споредба со други ќе бидат поскапи, но доколку сте сигурни за нивниот квалитет и имате одвоено буџет за нив, не се двоумете. Ќе ви траат подолго, тоа е сигурно.

слика 2

Маскара, кармин и пудра. Секогаш навиваме за квалитетна шминка. Зошто? Бидејќи сигурно не сакате кармин кој за половина час ќе ја изгуби својата боја, односно, ќе го снема од вашите усни, маскара која прави грутчиња и остава чудна боја, или уште полошо ги надразнува вашите очи. Што се однесува до пудрата, важно е да ја пронајдете таа која одговара на кожата на вашето лице, а притоа и не создава црвенило или алергија.

Очила со диоптрија. Всушност, квалитетот на било каков вид на очила кои ги ставате на вашите очи е од големо значење. Нема потреба да објаснуваме, се работи за вашите очи, и токму затоа треба да изберете очила кои ја имаат потребната заштита, како на пример заштита од зрачење на компјутер, од штетните зраци на сонцето, а тоа не мора да биде позната марка на очила, квалитет може да најдете и во компании кои не се толку познати брендови.

слика 3

 

 

Ц.Б.