Жолто „smoothie to go“- за почеток на денот

Сите знаеме дека доручекот е најважниот оброк во денот и дека не треба да го прескокнуваме. Но, со брзиот ритам на живот, понекогаш немаме време да размислуваме на тоа. Затоа, Ви нудиме брз, едноставен и вкусен „smoothie to go“ кој е идеален за почеток на Вашиот работен ден.

смути

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 1 јаболко
  • 2 дцл млеко
  • 1 дцл јогурт
  • 1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Излупете ги бананата и јаболкото и заедно со останатите состојки ставете ги во блендер. Земете пластична чаша и сипете ја содржината внатре. Подготвени сте да тргнете на работа.

На здравје!

 

Е.С.

насловна/dieet-afvallen.nl

сл2/sustyparty.com