Контрола во врската – да или не?

„Не, во никој случај не подржувам контрола во врската, напротив, голем противник сум на тоа. Секој треба да си остане доследен на своите правила и принципи, да си ја задржи својата слобода. Во вистинската врска треба да има почит и разбирање, а пред се доверба во партнерот, понекогаш и пожртвуваност и толеранција, но контрола во никој случај не“.

ГАЛА-девојка, 28

„Дефинитивно не. Во една здрава врска, кога ќе се достигне потребната доверба и чувство на блискост како партнери и пријатели, тогаш не треба да има притисок и конктролирање. Се е момент на договор, доверба, лојалност, искреност.. Се што не интересира треба директно да прашаме и отворено да се разговара за тоа“.

ГАЛА-девојка, 25

„Сум слушала за многу врски за кои контролата во врската им е секојдневие, и никогаш не сум разбирала зошто е тоа така, односно како функционираат така. Дали тоа е премногу љубов или опсесија, посесивност? Јас сепак лично мислам дека љубов е кога ќе му/и дадеш слобода да биде свој а сепак твој/а, контролата само ја гуши врската и така љубовта со тек на време се претвора во нешто друго“.

ГАЛА-девојка, 24

„Контролата потекнува од претераната љубомора и желбата да се „поседува“ партнерот. Ако тоа го дозволи на почеток и на таков начин започне одвивањето на врската, таквата контрола преминува во некаква навика, зависност… Потоа, е касно нешто да се промени, на едниот партнер сигурно ќе почне да му смета, но за ваквите работи треба да се има поставеност и став уште кога почнува да се развива врската. Секако, некои работи не може да се предвидат па затоа оваа ситуација лесно ја поминува својата граница. Јас сум за против контрола во врската. Секако, не целосна слобода кој што сака да си прави (недозволени работи односно работи кои го повредуваат другиот), но слобода кога се чувствуваш свој, дека можеш слободно да дишеш“.

ГАЛА-девојка, 26