Најздравиот пијалак

Дали погодивте дека најздравиот пијалак е водата?

Да, таа е најздрав пијалак а не е калорична, можете да ја пиете во кое време и да сакате,  колку што сакате – зависно од Вашата тежина и потреби, но препорачливо е до 1ипол/2 литра на ден.

Редовното и честото пиење на вода:

  • Го забрзува метаболизмот
  • Ја подобрува работата на дигестивниот систем
  • Дава енергија
  • Ја подобрува концентрацијата
  • Помага при главоболка
  • Го чува срцето
  • Го намалува ризикот од рак
  • Помага во задржување на природниот сјај на кожата на лицето
  • Помага во отстранувањето на маснотиите од лицето
  •  Помага во борбата со акни и метисери

ГАЛА-совет: Пијте вода веднаш кога ќе станете од спиење. На тој начин ќе го разбудите организмот и забрзате метаболизмот. Пијте вода половина час пред оброк, ја забрзува дигестијата. Не заборавајте да пиете вода и пред, за време и после вежбање.