Кој парфем одговара на Вашата личност?

Многу е тешко да се одбере вистинскиот парфем кога во парфимериите се нудат огромен број на парфеми и тоалетни води.

Но, кога ќе размислите за карактерот на пораката која сакате да ја оставите со Вашиот парфем  по заминувањето од просторијата, лесно ќе можете барем да се одлучите дали сакате дискретен или посилен мирис, за цветен или ориентален…

парфем-2

Еве како да го пронајдете својот мирисен идентитет:

Ако сте таинствени и секси, одберете го сензуалниот мирис на јасминот.

Харизматичните кои секогаш се во потрага по нова авантура треба да изберат мирис базиран на дрво.

Ако сакате забава и авантура, за Вас се одлични освежувачките цветни мириси на база на љубичица или божур.  Но, одбере го и ако сте романтична душа.

Ако сте личност со дефинирана природа комбинирана со софистицирана мистерија, изберете мирис базиран на амбер.

Ако сте спортски тип родени сте за енергичен и ентузијастички мирис како на пример свеж цитрус или некој зелен мирис.

На доминантните и амбициозни лица кои сакаат да имат контрола врз се најдобро ќе им прилегаат билните мириси.

Парфемот носете го секаде со себе. Малото шишенце парфем може да го собере во џебот од капутот, торба или автомобил.

 

Е.С.

насловна/ask.com

сл2/belmodo.be