Како до „неуредно“ коњско опавче?

Коњското опавче е универзална фризура, која е погодна за на работа, за тренинг, за дома и за вечерни излегувања. Иако изгледа премногу едноставно, „неуредното“ коњско опавче е не баш толку лесно да се направи.

коњско опавче-2

Нанесете шампон за суво миење на косата – по нанесувањето, разбушавете ја косата со прстите.

Заборавете на чешелот – тој само ќе ја измазни косата, а тоа не го сакаме во овој изглед. Употребете ги прстите за да ја соберете целата коса. Доколку сакате да го издолжите лицето, на врвот на главата подигнете ја малку косата.

Подигнете ја главата кон назад – кога ќе го врзувате опавчето, најважно е да го врзете на аголот кој највеќе Ви одговара. Доколку ја навалите главата кон напред, положбата на репчето ќе дојде во пределот накај вратот.

Покријте го ластичето за коса – за повпечатлив изглед, околу ластичето замотејте еден прамен. Напрскајте го со лак за коса, за подолготраен изглед.

коњско опавче-3

 

Е.С.

насловна/allisimpson.com

сл2/pretty-hairstyles.com

сл3/special-hairstyles.com