Почнете ја сезоната на фустани со мазни нозе

Ова зголемување на температурата сигурни сме дека сите го сакате, особено поради тоа што веќе нема да морате да носите слоевита облека. Време е да ги извадите сукњичките и фустанчињата, но претходно подгответе ги нозете за впечатлив изглед.

сезона на фустани-2

Во текот на зимскиот период кожата станува дехидрирана, особено кожата на нозете и стапалата. Првиот чекор е пилингот, со кој ќе ги отстраните мртвите клетки на кожата. Посегнете по понежен пилинг, наместо по погруб.

Ако треба да присуствувате на важен настан на кој имате намера да ги покажете нозете, вториот чекор е неправилностите на бојата да ги покриете со крема или спреј за самопотемнување. Никако не Ви препорачуваме посета на солариум, бидејќи веќе ги знаеме негативните последици. Нанесете тенок слој од производот за самопотемнување, па ако не е доволно нанесете уште еден. Подобро нанесете помалку отколку повеќе, затоа што несаканата боја потоа, тешко може да се извади.

Третиот чекор е хидратација на нозете, која ќе овозможи нозете да изгледаат негувани и здрави. Секојдневно употребувајте хидратантна крема после бањање. Кремата нанесете ја во тенок слој, оставете ја да се впие во кожата, па потоа облечете се.

Доколку сакате да имате сјаен финиш, четвртиот чекор е нозете да ги испрскате ги со малку кокосово масло. А за екстра сјаен и блескав изглед нанесете масло кое во себе содржи светлуцави честички.

 

Е.С.

насловна/guu.vn

сл2/ten.co.uk