Забрзајте го метаболизмот со овие трикови

Можеби имате наследено поспор метаболизам, но сигурно не сте осудени да имате поголема телесна тежина поради тоа. Треба само малку да скршнете од вообичаената рутина. Освен тоа, со процесот на стареење, метаболизмот се повеќе се успорува, па дури и кај оние кои имале побрз метаболизам.

Започнете со секојдневните активности како што се качувањето и симнувањето по скали, наместо користење на лифтот или пак, одење пеш или со велосипед до работа, наместо со автобус или автомобил.

Не гладувајте, туку напротив хранете се умерено и квалитетно. Паузата за ручек на работа не ја користете за грицки и други нездрави продукти, туку за органска храна. Појадокот, главно, треба да се состои од белковини и јаглени хидрати. Ручекот пригответе го со некои лути зачини, а вечерата пригответе ја со кокосово масло, наместо со сончогледово. Во текот на вечерата исто така внесете и некој млечен производ. Тоа може да биде, на пример, кравјо сирење или јогурт. Заборавете за благите работи. Внесувајте што повеќе житарици, семки, овошје, зеленчук и јаткасти плодови.

метаболизам-2

Пијте многу вода во текот на денот. Таа го чисти организмот, помага во хидратацијата и согорува калории.

Пијте кафе. 3 шолји кафе на ден се доволни за забрзувањето на метаболизмот, пулсот и дишењето. Истото се однесува и за чајот, особено за зелениот чај. Тој помага во намалување на маснотиите.

кафе

Џвакајте гуми за џвакање без шеќер. Тие помагаат во согорувањето на калориите за 19%.

Бидете активни и вежбајте. Но, не вежбајте само една група на мускули цело време. Најдобро е да се посоветувате со тренерот за тоа кои се соодветни вежби за Вас. Вежбајте во ладна просторија.

Потребно е да спиете по 8 часа во текот на ноќта, за да може да се одржува нивото на хормоните лептин и грелин кои се задолжени да го регулираат апетитот и распределбата на енергија.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/30dayfitnesschallenges.com

сл2/studentlife.bresciablog.com

сл3/loveandfidelity.org