Дали сте чуле за супер овошјето ПИТАЈА?

Плодот питаја, поради неговиот можеби најинтересен изглед од сите видови на овошје, се поврзува со змејовите. Затоа се нарекува и змејско овошје. Тоа е плод од кактус, кој припаѓа на родот Hylocereus.

Има 3 типа на питаја: со црвена лушпа и црвена срцевина, со црвена лушпа и бела срцевина и со жолта лушпа и бела срцевина со многубројни семчиња. Вкусот е микс од диња, кива и круша.

Питајата го подобрува видот бидејќи содржи каротен, ги зајакнува коските поради калциумот, го регулира нивото на шеќер бидејќи содржи омега 3 масни киселини, помага во создавање на ткивото поради фосфорот, го подобрува апетитот поради витамините Б1 и Б2, го подобрува изгледот на кожата поради витаминот Б3, влијае врз имунитетот поради витаминот Ц, го зајакнува дигестивниот систем поради растителните влакна. Се јаде целиот плод, без лушпата, а може да се додава и во шејкови.

питаја-2

Ви нудиме 2 шејка  за прочистување на организмот:

Потребни состојки за првиот шејк:

  • 1 питаја
  • 1 банана
  • 1 киви
  • Шака боровинки

Ставете ги во блендер сите состојки и изблендирајте ги .

Потребни состојки за вториот шејк:

  • 1 питаја
  • 1 круша
  • 1 киви
  • 5-6 јагоди
  • Шака бадеми

И овие состојки ставете ги во блендер и избледнирајте ги.

На здравје!

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/stylecaster.com

сл2/pitayaplus.com