Најчести грешки кај надворешниот изглед-2дел

Ви претставуваме уште 6 други грешки ко ги правите со Вашиот надворешен изглед:

Облека која не е во склад со годините – носењето облека каква што бираат тинајџерките и девојките во своите дваесетти години, не се препорачува за возрасни жени кои што мислат дека на тој начин ќе изгледаат помладо. Реалноста е сосема спротивна. Жена во своите педесетти години, која носи искинати фармерки, секако ќе привлече внимание, но во негативна смисла.

Флуоросцентни бои – овие бои не се за жени кои немаат витка фигура, затоа што тие го истакнуваат баш она што Вие не сакате. Наместо тоа, купувајте облека со црна, морнарско сина, маслинеста, кремаста, виолетова, црвена и бела боја. Единствено, модните додатоци можат да имаат флуоросцентни бои.

Игнорирање на рацете, вратот и деколтето – чест е случајот на овие делови од телото да имате многу повеќе брчки, за разлика од лицето. Тоа е последица од неправилна и/или недоволна нега. Освен што треба да се заштитите од сонце, треба да користите и хидратантна и хранлива крема.

Несоодветна крема за лице – лицето треба да го третирате со крема со лесна формула која не ги затвора порите. Нанесувајте ја веднаш по туширањето, затоа што токму тогаш на кожата најмногу ѝ е потребна хидратацијата.

Ненанесување шминка – шминката во одредена мера е потребна за да ги истакне оние зони на лицето кои би требало да ги „оживеете“. Оние жени кои воопшто не користат шминка изгледаат постари и запуштени.

Злоставување на очите – кожата околу очите е премногу осетлива, а токму кај тој предел жените се најгруби. Со цел што повеќе да ги негуваат, нанесуваат секакви креми, пилинзи, маски, кои доплнително создаваат брчки.

слика-2

 

Е.С.