Препораки за здрава коса

Постојат многу совети за правилното негувања и одржувања на косата, зависно од типот на косата, должината, бојата и сл. Но, покрај здравата исхрана која има големо влијание врз негата на косата, треба да се внимава и на следните совети:

  • Да не се претрува со секојдневно миење на косата, доволни се 2 до 3 миења неделно. Но, доколку самата коса има потреба од почесто миење, тогаш користете квалитетен шампон кој и годи на вашата коса, зависно од потребата и типот на косата и регенератор кој ја омекнува косата.
  • Регенераторот се препорачува да се става од половина коса надоле со цел да ги омекне само тие делови на косата кои се склони најмногу кон сушење и кршење.
  • Доколку сте обожавател на фризурите како пунџа и коњско опавче, внимавајте да не бидат многу стегнати на темето на косата, пробајте да ги олабавите или да ги врзете нежно на долниот дел на главата. Така нема да се прави притисок на косата, ќе ја заштитите косата од нејзинот ретчење и опаѓање.
  • Да не се чешла грубо косата со груби четки, а најпрепорачливо е доколку можете да се навикнете, да користите поредок чешел, така влакното на косата најмалку се оштетува.
  • Во текот на зимскиот и летниот период поради несоодветните надворешни фактори, се препорачува поголема нега на косата, особено на темето и врвовите кои се доста склони кон сушење. Користете маски со природни состојки и масирајте го со нив темето на главата, а врвовите на косата негувајте ги со природни масла кои ги штитат од пукање, или пак со силиконски капки соодветни за Вашата коса.
  • Избегнувајте често користење на пегла, фигаро и слични препарати кои се доста добри во уништувањето на влакното на косата.

 

Ц.Б.