Со само едно овошје до побели заби

Доколку не верувате во средствата кои се наменети за избелување на забите, а обожавате јагоди, тогаш можеби ќе сакате да ја пробате оваа природна смеса за избелување. Начинот на избелување на забите со помош на јагоди е брз, едноставен и ефтин.

јагоди-2

Земете една зрела јагода, испасирајте ја и измешајте ја со една лажица прашок за пециво, а потоа премачкајте ги забите. Тајната на оваа смеса е во киселината која се добива со овој спој и која ефикасно ги отстранува нечистотиите од забите и им дава сјај. Одлична е за оние кои консумираат многу кафиња и цигари.

Совет: Не претерувајте премногу со употребата на оваа смеса, бидејќи може лесно да ја оштетите глеѓта на забите.

јагоди-3

Е.С.

насловна/1zoom.net

сл2/greeniacs.com

сл3/lifehacker.com