Не претерувајте со сапунот

Иако има вистина во поговорката „чистотата е половина здравје“, сепак не треба ни да претерувате. Особено не со средствата за миење раце и за интимни делови на телото.

Агресивните антибактериски сапуни заменете ги со некои поблаги сапуни на база на природни состојки или пак со обична вода.

слика 2

Со претераното употребување козметички средства за телото, не ги чистиме само потенцијално штетните бактерии, туку и оние добрите, кои се неопходни за одржување на природниот баланс на кожата, и на целокупниот имунитет.

Најдобро би било сапуните со антибактериско дејство да ги користите еднаш до два пати неделно, а во останатите денови мијте се само со чиста вода и поблаги, нежни сапуни.

 

Е.С.

 

насловна/parenthub.com.au

сл2/completewellbeing.com