Витамини кои влијаат на здравјето и убавината

Секој вид на храна која ја консумираме секојдневно, влијае врз здравјето и убавината. Нутриционистите препорачуваат секојдневно внесување на витамини и минерали кои го одржуваат имунитетот и убавиот и свеж изглед, а да се избегнува брзата храна која има голема калориска вредност.

витамини-2

Витамин А – го одржува здравјето на косата и очите и ја намалува појавата на кожни инфекции. Кожата станува свежа благодарение на поттикнувањето на циркулацијата на крвта, а со тоа се намалува појавата на брчки на лицето. Овој витамин најмногу го има во зеленчукот и јајцата.

Витамини од групата Б – го намалуваат стресот и стареењето и ја одржуваат кожата мека и нежна. Недостатокот од овие витамини се манифестира преку опаѓање на косата или нејзино споро растење, пукање на усните или иритација на кожата. Овие витамини најмногу ги има во житариците, мешунките, лешниците и месото.

Витамин Ц – во комбинација со протеини, ја одржува кожата еластична, го намалува процесот на стареење на кожата и го одржува имунолошкиот систем. Овој витамин најзастапен е во зеленчукот, лимонот, портокалот и јагодата.

Витамин Д – неопходен е за одржување на здравјето на забите, коските и ноктите, со тоа што им дава сјај и цврстина. Овој витамин најмногу го има во оризот, млекото, путерот и туната.

Витамин Е – го подобрува имунитетот, го одржува здравиот изглед на кожата и го спречува стареењето на кожата. Овој витамин најмногу го има во морските плодови, млекото, сојата и брокулата.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/hercampus.com

сл2/scalebed.com