Љубовни зборови: Фантазија во сонот

ФАНТАЗИЈА ВО СОНОТ

Сонот ме повикува што побрзо да му се придружам,

нему и тебе.

Тебе сигурно ќе те сонувам,

бидејќи вечерва,

како и сите други вечери,

заспивам,

мислејќи на тебе.

Не знам дали сум ти кажала,

но најмногу фантазирам за работи

за кои моментално ќе речеш дека,

летам во облаци,

но јас летам во облаци од кога знам за тебе.

Верувај ми, многу од работите се остварија.

Кој вика дека и наредните мои соништа нема да се остварат?

Верувај ми, затоа што јас верувам во моите соништа,

верувам во убавите работи и убавите денови кои не чекаат.

Секогаш сум верувала.

Ц.Б.