Моќта на јогуртот за убавина и нега

Околу нас има премногу квалитетни производи за кои не сме ни свесни за нивното дејство врз нас.

Јогуртот е премногу здрав за организмот, за коските, кожата… Но, јогуртот има позитивно влијание и врз Вашата убавина.

Ви нудиме неколку едноставни рецепти со јогурт кои може да си ги направите сами, кои ќе ѝ бидат од корист на убавината.

За природен пилинг. Измешајте јогурт, овесно брашно и белка од јајце и смесата нанесете ја на кожата. Оваа смеса ја регенерира кожата, ја преви мека и нежна и ја отстранува нечистотијата.

Го отстранува перутот од косата. Измешајте јогурт, малку сол и сок од лимон и смесата нанесете ја на главата. Нанесувајте ваква смеса неколку пати, за да можете да ја забележите разликата.

За испукани усни. Измешајте јогурт и исецкан шафран и смесата нанесете ја врз испуканите усни. Потребно е смесата да ја нанесувате два пати во текот на денот.

слика 2

За изгореници. Измешајте јогурт и измелена кора од портокал и смесата нанесете ја врз оние делови кои Ви се изгорени од сонцето. Ова ќе ја отстрани температурата на телото и ќе ја регенерира кожата.

слика 3

 

Е.С.

 

насловна/beautymark.ca

сл2/vrendo.com

сл3/wisegeekhealth.com