Посветете внимание на својот глас

Гласот го претставува идентитетот на човекот, како и неговата емоционална и психичка состојба. Во секој момент зависни сме од својот глас, бидејќи овозможува да говориме и пееме. Тој се формира при затворање на гласните жици.

глас-2

Кога се говори за хигиена на гласот, се говори за зголемување или намалување на некои навики. Еве некои од нив:

*Пијте вода и прозевнувајте се за да го одморите грлото. Избегнувајте често прочистување на грлото и кашлање.

*Избегнувајте бучна околина и не се надвикувајте со соговорникот.

*Додека зборувате, не треба да имате стиснати заби и напната вилица или јазик. Отворете ги забите и движете ја слободно вилицата додека зборувате.

*Употребувајте ја и невербалната комуникација при расправии, наместо да викате.

*Зборувајте полека и направете природна пауза, со цел да имате нормално дишење без напори. Не зборувајте подолго од својот природен циклус на дишење.

*Зборувајте со природен и опуштен глас, наместо на пример, да шепотите.

*Не пејте над својата оптимална висина и гласност.

*Не зборувајте додека вршите некоја тешка физичка активност или додека вежбате.

*Одморајте го гласот неколку пати на ден, секогаш кога го одморате телото.

глас-3

 

Е.С.

 

насловна/renu-voice.com

сл2/i-medic.ro