Вакцина против никотинска зависност?

Колкупати сте кажале дека од утре ќе престанете со пушење? Тешко е да се одвикнете од страста за пушење, а тоа го знае секој пушач. Но, изгледа дека во иднина и оние кои имаат слаба волја и недоволно јака желба можат да „раскинат“ со овој ужасен порок. Најновата вест од Америка е дека се на прагот да ја создадат вакцината против никотинска зависност.

На институтот во Калифорнија се создава вакцина која што го намалува дејството на никотинот врз мозокот. Таа го зголемува бројот на антитела кои се прицврстуваат за никотинските молекули и ги одложуваат неговите ефекти. Тестирањето спроведено на лабораториски глувци покажало дека вакцината ги забавува ефектите на никотинот во првите 10 минути од инјектирањето. Ако оваа вакцина одговара на глувците, еден ден би можело да одговара и на луѓето.

слика-2

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во тектовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/maloomaat.com

сл2/quitomed.com