Како балетанките влијаат врз здравјето?

Балетанките се модерни чевли и изгледаат навистина убаво на женската нога. Нив ги носат од најмлади девојчиња до најстари жени. Актуелни се во текот на пролетниот и летниот период. Но, дали и колку се удобни?

слика-2

Интензивното носење балетанки во текот на денот може да доведе до сериозни последици по здравјето на жените. Тие се рамни, со премногу тенок ѓон, а немаат дури ниту ремчиња и поради тоа, го отежнуваат функционирањето на нозете. Дополнително ги оптеретуваат колковите, колената и грбот.

Овие чевли воопшто не се ортопедски и не ѝ нудат потпора на ногата, па затоа, потколеното и стапалото го носат целиот терет при движење. Како последица, се јавува артритис и болки во зглобовите и мускулите. Честа е појавата и на пликови и зараснување на ноктите во кожата.

Професионалните балерини се свесни за опасностите кои ги создаваат овие чевли, па затоа секогаш носат перничиња со гел, завои, фластери и сепаратори на прстите.

Совет: Доколку не сакате да се одделите од Вашите омилени чевли, тогаш одберете некои кои имаат барем мала потпетица и носете ги што помалку во текот на денот.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/fashionpleasure.blog.cz

сл2/bravo.rs