Анти-целулитни производи-правила за користење

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОСНОВНИТЕ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АНТИ-ЦЕЛУЛИТНИ ПРОИЗВОДИ

Многу жени се загрижени за една иста работа, а тоа е целулитот. Тој е голем естетски проблем, кој тешко може да се избегне.

слика-2

Начинот на живот проследен со нездравата исхрана, недоволната количина на вода, многу малата физичка активност и пушењето, ја олеснуваат појавата на целулитот. Меѓутоа, тој не настанува преку ноќ, туку се развива полека и во фази.

Првата фаза е кога тој е видлив само со притискање со прстите по кожата.

Втората фаза е кога по стисокот остануваат траги и нерамнини кои се видливи со голо око.

Во третата фаза карактеристична е болката при допир и нерамниот изглед, налик на кора од портокал.

Четвртата фаза е кога по кожата има видливи и болни нерамнини.

Секоја година продавниците се преплавени со производи за борба против целулитот. Најпознати се кремите, па потоа следат лосионите, геловите, пилинзите. Без разлика за тоа каков производ ќе користите, најважно е да знаете дека сите овие производи делуваат само ако се потрудите редовно да ги користите.

Многу од кремите се препорачува да се користат наутро и навечер за максимално дејство. За разлика од геловите или лосионите, кај овие производи не е доволно само да ги размачкате и да оставите да се впијат, туку потребно е со нив да ги масирате критичните делови. Можете да се измасирате со прстите, со масажер или со самата тубичка, доколку има апликатор. Масирајте се, сè додека кремата во потполност не се впие, со движење од долу кон горе.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, претходно консултирајте се со стручно лице.

 

насловна/salonsauvage.com